Средба Османи- Касијев

31 март 2023

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ги прими копиите од акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Република Азербејџан, со седиште во Белград, Камил Касијев.

Министерот Османи посакувајќи му успех на амбасадорот Касијев, изрази увереност во понатамошниот развој на билатералните односи меѓу двете земји, со посебен акцент на економската соработка и енергетиката. Беше изразено особено задоволството за одличната соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатурите во меѓународните институции.

На средбата стана збор и за претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, актуелните состојби во регионот на ОБСЕ, како и други меѓународни прашања и регионални теми.

 

Скопје, 31 март 2023 година