Амбасада на Република Северна Македонија во Србија

Најнови вести

Османи на координативна средба со верските заедници за Пописот

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со предводниците на верските заедници во Република Северна Македонија на која се разговараше за текот и активностите на Пописот 2021 година, кој од 1-ви март започна да се спроведува за неколку категории на државјани на Република Северна Македонија, меѓу кои и за дијаспората. Средбата се одржа во Клуб на пратеници, а на неа присуствуваа и Директорот на државниот завод за статистика, Симевски, Директорот на Комисијата за верски заедници и религиозни групи, Сотировски и Директорот на Агенцијата за иселеништво, Близнаковски. „Ги повикав верските предводници на средба и запознав со процесот, да ги преставиме нашите активности, и секако, да замолам за поддршка, еден вид јавен повик од нивна страна, со цел уште поширока потемелна мобилизација на нашите граѓани во процесот на попишување. Верските заедници имаат развиена мрежа низ бројните центри во светот каде живеат нашите граѓани, како и истакнат авторитет меѓу нашата дијаспора, и нивниот придонес за успешност на овој процес го сметам за исклучително важен. Имавме продуктивен разговор, и на мое лично задоволство, сметам дека денес обезбедивме значајна поддршка која ќе придонесе за уште поширока информираност на нашата дијаспора“, истакна Османи. Во истата насока на средбата беше и Директорот на Агенцијата за иселеништво, како надлежна институција со широка мрежа на контакти што ги имаат со иселениците, со нивните здруженија и организации.  Нивното вклучување со активности и логистика насочена кон нашата дијаспора, би значела придонесе за успешност на овој процес. Османи на средбата зборуваше за важноста на вклучувањето на дијаспората, за нивното само-попишување, за масовноста во овој процес, што бо било во насока на давање подобра слика за дистрибуцијата на нашите граѓани во странство и во тој контекст, потенцираше: „Ќе добиеме слика за нивната комуникација со земјава како и за нивните потреби од услугите на државата; ќе добиеме слика за нивните амбиции, дали за останување во земјата каде се наоѓаат, или уште подобро, за потенцијалите или можностите да се вратат назад во земјава; ќе добиеме информација и за нивната квалитативна, демографска, образовна, социјална структура, сѐ се ова важни информации кои ќе ни помогнат како држава, како општество да ја засилиме комуникацијата и да креираме реални политики насочени кон дијаспората“. На крајот од средбата Османи нагласи дека овој процес не треба да биде ексклузивен, туку напротив, преку заедничка, инклузивна соработка каква што е оваа денеска, но и натаму низ текот на целиот процес, со вклучување на сите учесници во општествениот живот, за да се реализира целта, да имаме успешен попис.

Од понеделник стартува пописот, за прв пат се попишува и дијапората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска на заедничка Прес конференција со Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симoвски ги претставија подготовките за старт на најважната статистичка операција за земјава- ПОПИСОТ 2021. Вчера свикав вонреден состанок со шефовите на сите Дипломатско конзуларни претставништва, каде издадов директни инструкции до целата дипломатска мрежа, целосно и со полн капацитет да се стави на располагање на пописните тимови и на целокупниот процес , со цел успешна реализација на пописот, за нашите вработени и за нашата дијаспора, истакна Османи. Во таа насока, зборувајќи за улогата што нашите Амбасади ќе ја имаат во текот на овој прoцес, Османи нагласи:Улогата на нашата дипломатска мрежа ќе биде да ги идентификува сите можни канали на комуникација, и преку засилени промотивна активност, да ги распространи информациите за овој процес до секој наш државјанин кој живее и работи во странство. Оваа активност, во следните 50 дена, ќе биде највисок приоритет на нашата дипломатска мрежа. Од аспект на фактот дека за прв пат се спроведува операција за попишување и на дијаспората, што претставува дополнителен предизвик но и обврска да имаме успешен процес, Османи потенцираше:Пописот е добар пример преку нашата проактивна улога да демонстрираме одговорност и посветеност кон дијаспората, која има важна улога во севкупните процеси на земјава. Ова е добра шанса да покажеме грижа за нашите граѓани во странство и да создадеме услови за трајна соработка, за брза комуникација и блискост, остварувајќи ја со тоа клучната цел – дијаспората да биде нераскинлив дел од земјава. Министерот Османи упатувајќи порака и до сите наши граѓани, без разлика дали се наоѓаат во земјава, дали се на привремена работа или студии надвор, или се дел од нашата дијаспора, истакна: Еден од главните елементи што е неопходен за успешни политики е токму реалната слика за бројноста на населението и неговата економска, образовна и социјална структура. Не постои друг начин за добивање на реална слика, освен преку пописот како статистичка операција која е предуслов за секоја организирана држава да може да го планира својот развој. Сакам да ве повикам активно да се вклучите во овој процес, да го искористите ова право и оваа граѓанска обврска, со цел да ги добиеме клучните податоци со кои ќе можеме соодветно да ги планираме нашите политики. Од 1 до 15 март, сите вработени во Дипломатско – конзуларните претставништва, вклучувајќи ги тука и нивните семејства, ќе можат да се само-попишат, или самостојно да се регистрираат, преку он-лајн апликацијата изготвена од Државниот завод за статистика, за што на веб страната на Министерството за надворешни работи веќе се поставени соодветни линкови. Попишувањето е лесно, едноставно и брзо, достапно на осум јазици, меѓу кои и македонски, албански и англиски, за што на Прес конференцијата беа презентирани посебни видео – туторијали, односно упатства, кои на едноставен и разбирлив начин ја опишуваат целата постапка. Во исто време, процесот започнува и за сите наши државјани кои се наоѓаат во странство, односно нашата дијаспора, кои во далеку подолг период, од 1 март се до 21 април, или во следните 50 дена, на ист начин, со едноставно пристапување до апликацијата, ќе можат да го остварат ова право и граѓанска обврска.  

Во рамките на работната посета на Белград, Османи на средби со премиерката Брнабиќ и претседателот на парламентот Дачиќ

Во текот на својот престој во Србија, министерот Бујар Османи реализираше одвоени средби и со претседателот на Народната Скупштина Ивица Дачиќ, како и со претседателката на Владата, Ана Брнабиќ.

На средбата во Владата, министерот Османи ја пренесе подготвеноста за реализација на Третата заедничка седница на двете Влади, како дополнителен позитивен импулс за натамошниот развој и интензивирање на односите и севкупната соработка меѓу двете земји.

„Убеден сум дека заедничката седница на Владата ќе претставува потврда на блиските односи, но и одлична можност да се интензивираат иницијативите за поголема соработка во економијата, инфраструктурата, енергетиката како и сите останати аспекти кои ја детерминираат динамиката на односите меѓу двете земји“, изјави за време на разговорите Османи. Беше направен осврт и на политичките и економски односи и соработка, регионалната соработка и ЕУ интеграциите. 

Во рамките на посетата на Парламентот на Србија, Османи беше примен од претседателот на Народната Скупштина, Ивица Дачиќ, каде се разговараше за интензивирање на интер-парламентарната соработка, при што беа посочени бројни можности за унапредување на истата меѓу највисоките законодавни тела, преку конкретни и заеднички активности помеѓу групите за пријателство во парламентите на Северна Македонија и Србија.

Во рамките на работната посета на Белград Османи оствари средба и со Претседателот Вучиќ, како и својот хомолог Никола Селаковќ. На маргините на посетата на Белград, Османи даде интервју и за реномираниот дневен лист Политика.

Туристички дестинации

Кањон Матка, Скопје

Крушево

Широк Сокак, Битола