Средба на министерот Бујар Османи со новоименуваниот амбасадор на Република Србија, Невена Јовановиќ, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма

07 June 2021

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес го прими новоименуваниот вонредeн и ополномоштен амбасадор на Република Србија, Невена Јовановиќ, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма.

Посакувајќи и срдечно добредојде во Северна Македонија, министерот Османи на амбасадорот Јовановиќ ѝ изрази уверување дека за време на нејзиниот мандат ќе бидат вложени напори односите да бидат збогатени со нови содржини од заемен интерес.

Покрај редовниот политички дијалог и меѓусебни консултации, во функција на надградба и продлабочување на добрососедските односи, се очекува приоритет да биде ставен на економската соработка и конкретните билатерални и регионални проекти, како инфраструктурното поврзување и отворањето на нови гранични премини, со цел олеснување на севкупната размена и комуникација меѓу двете пријателски земји.

Министерот Османи ја повтори благодарноста за помошта од Србија за време на хуманитарната криза предизвикана од пандемијата КОВИД 19 и справувањето со последиците од истата.

 

 

                                                                                                                                Скопје,  7 јуни 2021